Ракометарките на ЖРК Металург добија исклучително силен противник во квалификациите за ЕХФ-купот, каде ќе се сретнат со францускиот прволигаш Париз.
Јасно е дека Французинките се апсолутни фаворитки во претстојните натпревари, па поради тоа двата тима се договорија средбите наместо дома-гости да се играат во Скопје.
„Металург преговараше со францускиот претставник, па, како резултат на тие преговори, решено е Иси Париз двете средби да ги одигра во Скопје, во првиот од двата расположиви термини, односно на 8 и на 9 септември“ – информираа од ЖРК Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА