ЖРК Металург и Куманово во ЕХФ-Купот, ЖРК Пелистер носител во Челинџ-купот

Шампионот ЖРК Металург и освојувачот на куп-трофејот Куманово ќе бидат претставници на македонскиот женски ракомет во Купот на ЕХФ. Втора година по ред нашата земја ќе нема претставник во женската Лига на шампионите, а двете екипи својот настап во Купот на ЕХФ ќе го почнат од првото коло.

Согласно рејтингот, ниту Металург ниту Куманово (со новиот тренер Симе Симовски) нема да ја имаат улогата на носители при ждрепката, а за можни ривали во првото коло ги имаат: Крајова (Романија), Астраханочка (Русија), Безансон (Франција), Баер (Германија), Бјасен (Норвешка), Славија Прага (Чешка), Гомел (Белорусија), Бера Бера (Шпанија), Заглебје (Полска), Брул (Швајцарија), Муратпаша (Турција), Скуру (Шведска), Михаловце (Словачка), Азгерсдорф (Австрија), Азерјол (Азербејџан) и Квинтус (Холандија).

ЖРК Пелистер составува квалитетен тим за новата сезона, а битолскиот клуб се пријави за настап во Челинџ-купот. Таму „пелистерки“ исто така ќе стартуваат од првото коло, но ќе ја имаат улогата на носителки. Можни противници на овој македонски клуб се: Рудар (Црна Гора), Мецалија (Шпанија), Бјеловар (Хрватска), Анкара (Турција), Зајечар (Србија), претставник од Португалија, Верија (Грција), Криваја (БиХ), Артиосто (Италија), Мадеира (Португалија), Гранолјерс (Шпанија).

Се вчитува...