ЖРК Металург се откажа од Купот на Македонија

Бранителот на титулата во женскиот ракометен куп на Македонија, ЖРК Металург се откажа од настапот на Ф4 турнирот кој од денеска до сабота ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Причините за откажувањето се добро познати, откако ЖРК Металург не го одигра и мечот од Суперлигата против Чаир поради неисплатени плати.

ЖРК Металург во полуфиналето кое на програмата беше закажано за утре требаше да се сретне со ЖРК Куманово, што значи дека кумановскиот тим обезбеди директен пласман во финалето. Вториот финалист ќе биде познат по дуелот меѓу ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Вардар натпревар кој на програмата е утре

Се вчитува...