ЖРК Металург со нов убедлив пораз од ПАОК го заврши настапот во ЕХФ купот

Освојувачот на женскиот ракомет куп на Македонија, ЖРК Металург со убедлив пораз и на реваншот на домашен терен од грчки ПАОК го заврши настапот во второто коло од третото по ранг европско натпреварување ЕХФ купот.

По поразот минатата недела на гостувњето во Грција (17-26), Металург денеска и на домашен терен беше поразен со убедливи 20-31. Гостинките уште во првото полувреме кое го добија со (11-17) ги решија сите дилеми околу победникот, додека до крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 20-31.

Арсениевска и Божиновска со по пет гола беа најефикасни во таборот на нашиот тим, додека кај победникот со ист број погодоци завршија Шаципарасиду и Грбавчевиќ.

 

Се вчитува...