ЖРК Металург убедливо поразен на гостувањето кај ПАОК

Освојувачот на Купот на Македонија, ЖРК Металург загуби на гостувањето кај грчки ПАОК со 26-17 во првиот натпревар од двомечот во 1. коло во Еврокупот.

Македонскиот прволигаш лошо го отвори натпреварот. Постигна само седум гола во првото полувреме, што доведе Гркинките на пауза да заминат со позитива од четири гола 11-7. Во второто полувреме домаќинките само ја зголемија предноста за конечни 26-17.

Ива Божиновска со седум гола беше единствената расположена во таборот на тимот од Автокоманда, додека кај победникот Шаципарасиду заврши со осум погодоци.

Реваншот ќе се игра за седум дена во Скопје.

Се вчитува...