Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Металург доживеа дебакл од полскиот Лубин (14-44) во првиот натпревар, од двомечот во првото коло во ЕХФ купот.
Полскиот тим уште од самиот старт ја покажа разликата во квалитет, а на полувреме замина со огромни (8-20). Во вториот дел, разликата само растеше, за конечен триумф на Полјачките од 14-44.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дарија Завистовска со 9 гола, додека во Металург се истакна Јана Калајџиевска со 5 гола.
Реваншот ќе се одигра утре, исто така на теренот на полскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА