ЖРК Вардар е првата екипа која избори пласман на женскиот Ф4 турнир во ракометниот куп на Македонија.
Вардарки во првото четвртфинале денеска ја оправдаа фаворитската улога откако без поголеми проблеми славеа над екипата на Деспина со 30-21.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Борјана Коцева и Ивона Трпевска со по седум погодоци, додека кај Деспина се истакна Мери Гичева со шест гола.
Куп на Македонија (ЖЕНИ)
група 1
Куманово – Металург Автокоманда
група 2
Чаир – Овче Поле СУ
група 3
Вардар – Деспина 30-21
група 4
Пелистер – Ѓорче Петров
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА