Работнички не успеа да стартот на пролетта против Ренова, прими гол во судиското продолжение од натпреварот за реми (1-1), па „романтичарите“ се надеваат дека денеска против Силекс ќе стигнат до посакуваните три бода. Новото засилување Жунињо Кабрал сака да го почувствува вкусот на првата победа со екипата токму против кратовскиот прволигаш.
„Заслуживме победа и на претходниот натпревар. Но, не бевме доволно внимателни во финишот и тоа беше кобно за нас, ги испуштивме бодовите. Но, верувам дека ќе се подобриме веќе на денешниот натпревар против Силекс. Работевме напорно изминативе денови, шефот на стручниот штаб ни укажа каде грешиме и се надеваме дека нема да повториме такви грешки во иднина. Работнички има квалитет и тоа ќе го покажеме“, изјави Жунињо Кабрал.
Силекс е во незавидна позиција и ќе мора да бара бодови на секој првенствен дуел, во обид да се искачи што погоре од опасната зона на табелата.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

