Раководството на Шкендија е активно по завршувањето на сезоната, не само со ангажман на нови засилувања, туку и со активните преговори за задржување на стандардните првотимци.
Така, актуелниот вицепрвак на Македонија обелодени дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Стенио Жуниор и со Ардијан Цуцули, кои и во иднина ќе го носат црвено-црниот дрес. Цуцули потпиша нов едногодишен договор со тетовци, додека Жуниор се обврза на тригодишна верност откако се покажа како добро засилување по трансферот од Пелистер.
Воедно, Шкендија ги продолжи договорите и со младите Башким Лама, Бесир Нухиу и со Ерсин Фетаи, за кои тетовскиот клуб информираше дека сезонава ќе бидат испратени на позајмица за да се стегнат со поголемо искуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА