Ријека успеа да ја зачува предност од четири бода пред Динамо Загреб на врвот од хрватското првенство, откако во 25. коло славеше пред своите навивачи со 3-2 против Славен Белупо.
Во крајно возбудлив натпревари, ријечани до победата дојдоа благодарение на извонредниот погодок на Вешовиќ во 87. минута од натпреварот.
Претходно, гостите први поведоа со голот на Тадиќ уште во 14. минута од средбата. Домашните израмнија преку Андријашевиќ во 34. минута благодарение на одличната асистенција на македонскиот интернационалец Леонард Жута…
Во вториот дел, со автоголот на Јовичиќ најпрво Ријека поведе со 2-1 во 51. минута, а потоа Хебер израмни на 2-2 во 72. минута.
Жута како и Стефан Ристовски го одиграа целиот натпревар за Ријека, додека на спротивната страна Мирко Ивановски ги одигра последните 30 минути во составот на Славен Белупо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА