Актуелниот шампион во Ла Лига, тимот на Реал Мадрид, очајно го стартуваше новото првенство на Шпанија, но и покрај тоа тренерот Зинедин Зидан е оптимист дека „кралевите“ на крајот повторно ќе завршат на првото место. Во пресрет на утрешниот дуел на гости против Алавес, Французинот им порача на конкурентите дека Реал Мадрид ниту за миг не се откажал од одбраната на шампионската круна.
„Ако некој мисли дека првенството заврши, се излажал. Има уште многу да се игра, а свесни сме дека имавме лош старт. Но, имаме среќа што првенството е навистина многу долго, а Реал Мадрид има квалитет за на крајот повторно да и се радува на шампионската титула. Загрижен сум поради бодовното салдо, но ќе бев уште позагрижен доколку не создававме шанси. А вака, треба само да ги наместиме нишанските справи, и верувајте дека тоа ќе се случи многу брзо“, изјави Зинедин Зидан, во пресрет на утрешниот меч против Алавес, на кој нема да може да смета на неколкумина повредени фудбалери, меѓу кои Марсело, Ковачиќ, Крос, Валјехо, а одмор ќе добие и Дани Карвахал.
„Ништо не се променило, Реал Мадрид на секој меч оди на победа“, порача за крај Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА