Реал Мадрид го совлада Арсенал со 3-2 на пенали во Вашингтон, а еден од стрелците на гол за „кралевите“ беше Герет Бејл, кој според информациите летово треба да го напушти клубот. Самиот Зидан изјави дека Велшанецот самиот побарал да биде во тимот, а со прикажаната игра ги задоволил барањата.
„Сакаше да игра и заврши добра работа. Ги задоволи моите барања немам замерка за неговата игра. Тренира секој ден и сака да остане со нас“, изјави Зидан.
Следниот меч од подготвителната турнеја Реал Мадрид го игра на 27. јули против градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА