Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема да може да смета на речиси половина тим на „кралевите“ за денешното гостување против Лас Палмас во Ла Лига. Актуелниот европски првак го очекува важен натпревар со Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па Зидан одлучи да одмори дел од првотимците. На тоа се надоврзаа и повреди, па „кралскиот клуб“ ќе се појави без седуммина фудбалери на денешниот дуел.
Кристијано Роналдо, Марсело и Тони Крос добија поштеда и нема да бидат дел од составот за да се подготват за гостувањето во Торино, додека капитенот Серхио Рамос, Иско и Дани Себалјос се пожалија на повреди. Покрај тоа, и Дани Карвахал нема да биде во комбинација за настап поради суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА