Реал Мадрид обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони по елиминацијата на Ливерпул.
Но, стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан вели дека пласманот во полуфиналето не е крајната цел на неговиот тим, иако секако се задоволни од местото меѓу најдобрите четири екипи во европското натпреварување.
„Ливерпул беше навистина моќен во првата фаза од натпреварот, но ние одигравме тимски знајеќи дека ќе биде тежок натпревар. Реал секогаш игра тимски. Стигнавме до една цел, но не треба да летаме затоа што се уште ништо не сме освоиле. Во моментов секако уживаме во пласманот во полуфиналето но мора да знаеме дека и крајните цели се повисоки. Горд сум на фудбалерите, се уште сме во игра во Ла Лига и во Лигата на шампионите и тоа доволно зборува за овој тим“ – истакна Зидан по синоќешниот натпревар во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА