Зидан дефинитивно го отпиша Марсело

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот медиуми пренесуваат дека „кралскиот клуб“ одлучи 32-годишниот бек да биде ставен на трансфер листа бидејќи не е во плановите на тренерот, Зинедин Зидан.

Французинот е подготвен шанса на левата страна да му даде на Ферлан Менди, а бидејќи на Марсело договорот му истекува на крајот на следната сезона, идеја на клубот е да го продаде на лето како нешто би заработиле.

Бразилскиот репрезентативец во 2007 од Флуминенсе дојде во главниот град на Шпанија, а за Реал одигра 517 натпревари, на кои постигна 38 гола и запиша 100 асистенции. Марсело со „кралевите“ освои 22 трофеи вклучувајќи ги петте титули во Ла лига и четирите Лига на шампиони.

Се вчитува...