Легендарниот Зинедин Зидан повеќе од две и пол години е надвор од фудбалот. 51-годишниот француски стратег се одлучи да се одмори, но сега повторно е решен и дефинитивно да се врати на фудбалот.
Според пишувањата на пооделни медиуми во Франција следен клуб на легендарниот Зизу ќе биде Јувентус, без разлика на тоа што се уште самиот се надевал дека ќе го преземе Реал Мадрид, по заминувањето на Карло Анчелоти.
„Зад кулисите, Зинедин Зидан веќе на големо го подготвува своето враќање на големата сцена. Освен Реал Мадрид, веќе сериозно е во разговори со Јувентус, првата екипа надвор од Франција за која играше како фудбалер. Тој се уште се надева дека има шанси за Реал, но како сериозна опција е Јувентус“ – пишува француски „10Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА