Зидан доби неверојатна понуда вредна 200 милиони евра за да биде селектор на Катар!

Зинедин Зидан го напушти кормилото на Реал Мадрид откако третпат последователно со „кралевите“ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, а само еден ден подоцна доби неверојатна понуда вредна 200 милиони евра. Тој добил понуда да биде селектор на Катар и да го предводи националниот тим на оваа земја на Светското првенство во 2022 година. Дотогаш има четири години, а Зидан би заработувал по 50 милиони евра секоја година.

„Зидан ќе ја предводи репрезентацијата на Катар. Со него ќе стартуваат подготовките на селекцијата за настап на Светското првенство во 2022 година, на кое домаќин е токму Катар. Платата е 50 милиони евра, а договорот на четири години“, тврди египетскиот милијардер Нагиб Савирис.

 

Се вчитува...