Зинедин Зидан се чувствувал изневерен од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој не го купи Пол Погба. Тој во март се врати на тренерското место во клубот и требаше екипата да ја оформи како што смета дека е најдобро. Зидан сакаше да се ослободи од Герет Бејл и од Хамес Родригез, а на нивните места да бидат доведени Еден Азар и Пол Погба.
Планот со Азар се реализираше, но делот за Погба запна особено што Манчестер Јунајтед бара огромна сума за него. Проблемот дополнително го зголемува и фактот што ниту еден клуб не ги нуди ниту приближно сумите кои Реал Мадрид ги бара за Бејл и за Родригез.
Трансфер-прозорецот во Премиер-лигата затвора денеска, додека Зидан има шанса да се бори за Погба до 2. септември, последниот ден за ангажирање на нови засилувања во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА