Зидан е идеалниот кандидат за селектор на Бразил

 Бразилците се цврсто решени да ангажираат врвно тренерско име за селектор, за четиригодишен циклус до СП 2026. „Кариоките“ почнаа разговори со Жозе Мурињо, но „специјалниот“ нема да биде единственото врвно тренерско име со кое ќе разговараат откако беше обелоденето дека и Зинедин Зидан е сериозен кандидат во оваа трка.

Французинот се чини извиси да стане селектор во татковината по најавите дека Дешамп ќе остане на кормилото, му виси и опцијата Јувентус поради нестабилноста на клубот по најновиот скандал, па Зидан сериозно ќе ја разгледа опцијата да седне на клупата на „кариоките“.

Бразилците бараат „странски искусен тренер“, како што јавува францускиот весник „Л’Екип“, а Зидан не само што ги исполнува двата услови, туку има зад себе и исклучителна тренерска кариера и бројни трофеи како предводник на Реал Мадрид.

Како и во случајот со Мурињо, ќе бидат водени конкретни разговори пред да биде донесена одлуката, но Зидан дефинитивно ќе биде еден од водечките кандидати во оваа потрага по нов селектор на Бразил.

Се вчитува...