На тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе му е преку глава од шпекулациите за Бразилецот Нејмар. Пред мечот со Реал Ваљадолид од 2. коло во Ла Лига, на Зидан по којзнае кој пат му беше поставено прашањето за евентуалното доаѓање на Нејмар.
Сето тоа го „збесна“ Зидан…
„Моментално работам со фудбалерите кои ги имам на располагање и концентриран сум на утрешниот дуел. Се може да се случи до 2. септември кога завршува преодниот рок. Да ви кажам право, едвај чекам да дојде тој 2. септември како повеќе не би ме прашувале за сите тие фудбалери“ – истакна Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА