Зидан ги откри неговите ’херои’: Васкез играше десен бек, а Модриќ мораше многу да покрива

Реал Мадрид е во финалето на Лигата на шампионите. По тешка и неизвесна битка во полуфиналниот двомеч успеа да го елининира Баерн Минхен. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, откри дека неговиот тим имал многу проблеми, а вистински херои за него се Лукас Васкез и Лука Модриќ, кои на синоќешниот дуел добиле специјални задачи. Бензема постигна два гола, Кејлор Навас одбрани многу тешки удари, но Зидан смета дека клучната работа беше да се затвори десната страна од одбраната.

„Имавме проблеми на десната страна. Во отсуство на повредениот Карвахал, мораше Лукас Васкез да игра како десен бек. Тоа воопшто не е лесно, ако за ривал го имате Баерн Минхен, кој може лесно да пробие. Противникот притискаше силно, но одлична работа заврши и Лука Модриќ, кој го покриваше грбот на Васкез во многу напади на противникот“, анализира тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...