Зидан го бара „кртот“ во соблекувалната на Реал

Реал Мадрид е на чекор до пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, но тренерот Зинедин Зидан е бесен што од соблекувалната на чуден начин излегуваат тајните што би требало да ги знаат само фудбалерите и стручниот штаб. Но, информациите се пласираат во медиумите, а така противниците лесно ги дознаваат неговите тактички замисли и потоа се прилагодуваат.

На пример, тактиката на Зидан пред Ел Класико излезе во јавноста два дена пред одигрувањето на мечот, а Реал Мадрид загуби со 0-3 на домашен терен и практично му ја предаде титулата на најголемиот ривал Барселона. Истата ситуација се повторила и за време на осминафиналните мечеви од ЛШ против ПСЖ, па дури и против Јувентус. Иако „кралевите“ победија со 0-3, Зидан не е среќен што тајните од соблекувалната предвреме испливуваат на површина.

Речиси слична ситуација имаше своевремено и Жозе Мурињо. По долго ’истражување’, за издавањето на тајните од соблекувалната ги набеди Гранеро и Икер Касилјас.

Се вчитува...