Легендарниот Зинедин Зидан одново е во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако се појавија информации дека би можел да и се врати на тренерската позиција. Сепак до истото нема да дојде, барем не наскоро бидејќи него го интересираат две позиции кои засега се недостапни.
Првата е тренерски ангажман во неговиот Реал Мадрид, а втората на селекторската позиција во репрезентацијата на Франција. Пречка за првата му е Карло Анчелоти кој има важечки договор до крајот на сезоната, а во втората го спречува Дидиер Дешамп кој потпиша нов договор со Франција.
Како потсетување, Зидан во тренерската кариера единствено го предводеше Реал Мадрид со кој доживеа голем успех освојувајќи три титули во Лигата на Шампионите, две титули во Ла Лига, две во Суперкупот на Шпанија и две во УЕФА Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА