Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, минатата сезона, Бразилецот, Винициус Жуниор, следната сезона ќе ја почне како член на Б – тимот „кралскиот клуб“ Кастилја, кој е учесник во третото по ранг натпреварување, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Зинедин Зидан изненади со одлуката по која 19-годишниот Винициус ќе работи со легендарниот Раул Гонзалез кој седна на клупата на тимот. Според правилата на Ла лига, доколку Винициус сезонава одигра 10 натпревари за првиот тим на Реал Мадрид, нема да има право да се врати во Кастилја. Минатата година во тимот на Сантијаго Солари тој беше еден од подобрите поединци, а на 18 натпревари успеа да постигне два гола.
Заедно со Винициус во Б-тимот на Реал е префрлен и Родриго, младиот Бразилец што летово пристигна во таборот на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА