Манчестер Јунајтед има турбулентна сезона на теренот и надвор од него, Ерик тен Хаг се фали дека ја има поддршката на новиот ко-сопственик Џим Ретклиф, но реалноста е нешто поинаква.
Ставот на Ретклиф бил по неговото доаѓање во клубот сите да добијат шанса да докажат дека заслужуваат да бидат дел од трофејниот фудбалски гигант. Голем дел од нив експресно го разочарале британскиот милијардер, а високо на таа листа се наоѓа токму Тен Хаг, кој не делува како тренер што може да ја оствари желбата на фановите и да го врати Јунајтед во битката за трофеи.
Приоритет за Ретклиф е именување на нов спортски директор, при што изборот е паднат врз Ден Ешворт, актуелниот прв оперативец на Њукасл. Ешворт веќе ја прифатил понудата на Јунајтед, но сега двата клуба мора да се договорат околу отштетата за директорот да се пресели во Манчестер, по што прва работа ќе му биде да договори доаѓање на нов тренер за наредната сезона.
Британските медиуми тврдат дека Ешворт има свој фаворит, и тоа Грем Потер кој е без работа по заминувањето од клупата на Челси. Овој стручњак имаше одлични резултати со Брајтон, не се снајде најдобро во Челси, но новиот директор на „црвените ѓаволи“ е убеден дека Потер го има она што е неопходно за да биде успешен на „Олд Трафорд“. Неофицијално, тој веќе имал и средба со Потер на која му ги искажал своите планови, по што и самиот тренер позитивно одговорил, изразувајќи желба даседне на конкретни преговори и летово да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА