Зинедин Зидан е подготвен за камбек во тренерските води, но негова единствена желба е преселба на кормилото на Јувентус. Откако извиси за селектор на Франција (со новиот договор што го потпиша Дешамп) името на Зидан беше споменувано како главен кандидат за нов тренер на ПСЖ. Сепак, „РМЦ Спорт“ јавува дека легендарниот Зизу имал неколку средби со челниците на клубот, но не бил убеден дека преселба на „Паркот на принцовите“ би бил вистински чекор во неговата кариера.
Неизвесноста околу иднината на најголемите „ѕвезди“ во тимот е огромна, може да се случи до наредното лето ПСЖ да остане без Мбапе, Меси и Нејмар, а на францускиот стратег му е јасно дека без вакви ѕвезди во тимот никогаш не би можел да ја исполни големата желба на газдите – кревање на пехарот во Лигата на Шампионите.
Јувентус е клубот во ко Зизу мина блескави моменти како играч, а сега сака да се врати таму и како тренер. Според „РМЦ Спорт“, Французинот е во контакт со управата на „старата дама“, при што искажал подготвеност да дојде на чело на Јуве дури и доколку „црно-белите“ не обезбедат пласман во ЛШ за наредната сезона. Тој ги одбива сите понуди чекајќи да седне на маса со водечките луѓе на клубот и да добие конкретна понуда, но тоа ќе се случи дури по завршувањето на сезонава.
Фокусот на Јувентус е целосно ставен на натпреварите во следните месец дена, а дури и доколку Алегри успее да стигне до трофеј во Лигата на Европа, големи се шансите дека „старата дама“ ќе му врачи отказ. Сегашниот тренер е често критикуван поради предефанзивната тактика во која напаѓачите никако не можат да дојдат до израз, додека Зидан од друга страна ќе послужи и за подобрување на имиџот на самиот клуб, кој беше поврзан со нов скандал со лажирањето на финансиските извештаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА