Со враќањето на клупата на Реал Мадрид, од Зинедин Зидан се очекуваше што побезболно да ја заврши една од најлошите сезони во историјата на клубот и да ги врати „кралевите“ на победничките патеки.
Зидан во својот прв мандат во Реал освои три титули во Лигата на шампионите во низа, а потоа шокантно замина од Мадрид.
Но, сега Реал не игра добро, Реал не делува убедливо. Очекувањата беа големи, Перез на засилувања потроши повеќе од 300 милиони евра, но очајниот подготвителен период и неубедливата игра против Ваљадолид во Примера сериозно ги затресоа позициите на Французинот.
Перез и натаму во јавност дава поддршка за Зидан, но како што пренесуваат шпанските медиуми реалноста е сосема поинаква. Наводно, Перез веќе му порачал на Зидан дека има само уште една шанса тимот да се разбуди. Ако тоа не се случи, може веќе во следното коло да ја напушти клупата на Реал. Првиот човек на „кралевите“ веќе стапил во контакт и со Жозе Мурињо кого и претходно сакаше да го врати на Бернабеу.
Мурињо веќе го водеше Реал освојувајќи ја Ла Лига во 2012 година. Португалецот одби неколку понуди од Кина затоа што чека можност за преземање на некој од европските гиганти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА