Зинедин Зидан приреди големо изненадување со изборот на стартниот тим за вечерашниот реванш против ПСЖ, решавајќи се да го реновира средниот ред на Реал Мадрид.
Голманот Навас и одбраната пред него (Карвахал, Варан, Рамос и Марсело) се очекувани, но изненадувачки на клупата се најдоа Модриќ и Крос, но и Иско и Бејл. Така, во средниот ред крај Кашемиро се уште и Ковачиќ и Асенсио, додека Кристијано Роналдо и Лукас Васкез ќе бидат поддршка за Карим Бензема, кој вечерва ќе го игра својот стоти меч во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА