Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон изјави дека Флорентино Перез го барал Зинедин Зидан да се врати на клупата на „кралскиот клуб“, но легендарниот Французин го одбил.
„Знам дека во средата наутро Флорентино Перез му се јави на Зидан и го бараше да се врати. Зидан рече дека нема таква намера, но остави можност да преговараат во јуни“ – изјави Калдерон.
По елиминацијата на Реал Мадрид од Ајакс во осминафиналето на Лигата на шампионите се зголемија шпекулациите кој би можел да го замени Сантијаго Солари на клупата на мадридскиот великан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА