Зизу е „кралот над кралевите“. Го одведе својот тим до шампионскиот трофеј во Примера, враќајќи го пехарот во витрините на „Сантијаго Бернабеу“ по цели пет години. Реал Мадрид со триумфот над Малага (0-2) мина прв низ целта, оставајќи го најголемиот ривал Барселона зад себе за три бода. За Зинедин Зидан ова е прв шампионски пехар во шпанскиот шампионат како тренер, но тој вели дека е само дел од најголемиот клуб и има чест да ги води најдобрите фудбалери.
„Толку многу работа, подеми и падови, и кога сето тоа ќе го завршите и ќе минете први низ целта, знаете дека вредел секој момент, секој тренинг, секој пораз, и секоја победа. Среќен сум лично, уште повеќе ми е драго за тимот, затоа што работеа напорно, и во добри и во лоши моменти, и секогаш продолжуваа напред, сакајќи да ја оствариме целта. Сега можеме да славиме, а јас сум горд затоа што сум тренер на најдобрите фудбалери и сум дел од најдобриот клуб во светот. Сега ќе славиме со нашите фанови, сакаме да им заблагодариме за поддршката што ни ја даваа во текот на целиот шампионат, а потоа добро ќе се подготвиме и за финалето во Лигата на шампионите. Има време за Кардиф, сега е време за фиеста“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по освојувањето на шампионската титула во Шпанија.
Се разбира, фудбалерите веднаш се погрижија да почне фиестата, па го прскаа тренерот со шампањ уште на самата прес – конференција.
??? #33Ligas¡El ‘baño’ de #Zidane!#HalaMadrid pic.twitter.com/P36oI9atTt
— ¡CAMPEONES! ? (@realmadrid) May 22, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА