Зидан каков што не сме го виделе, на Французинот му пукна филмот и тргна во пресметка со новинар (ВИДЕО)

Зинедин Зидан по крајот на сезоната по вторпат го напушти Реал Мадрид, откако не освои ниту еден трофеј во последната натпреварувачка година. Неколку дена по заминувањето на Зидан, тој преку медиумите испрати писмо до навивачите на „Лос Бланкос“ со порака дека повеќе не чувствува поддршка од управата на клубот.

Французинот потенцираше дека клубот не го поддржува да направи нешто на среден или долг рок.

За време на викендот, Зидан беше виден во јавноста во друштво на неговото семејство, и сосема неочекувано, медиумите веднаш почнаа да го испрашуваат и да поставуваат провокативни прашања. Еден од новинарите го праша Зидан дека испратеното писмо е не точно и ниту малку вистинито, по што толку го иритираше легендарниот фудбалер, па Зидан тргна кон вербална пресметка.

“Дали сè уште поставувате глупави прашања како порано? Вашата работа е срамна. Секогаш е исто со вас. Ме познавате, ве познавам. Ајде, ајде да разговараме без камери …”, изјави Зидан пред останатите новинари.

Зидан исто така го напушти Реал во мај 2018 година, откако освои три титули во Лигата на шампионите во неговиот прв мандат, две УЕФА, Ла Лига и Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство на ФИФА. Во овој втор мандат, кој започна во март 2019 година, тој освои само два трофеи. Титула во Ла Лига и Суперкуп на Шпанија.

 

 

 

Се вчитува...