Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одлучи да не ги повика воопшто во составот за вечерашното гостување во Примера против Леганес дел од најголемите ѕвезди на тимот. Португалецот Кристијано Роналдо, Велшанецот Герет Бејл и германскиот интернационалец Тони Крос не се вклучени во составот што отпатува на гости кај Леганес. Тие добиваат заслужен одмор пред градското дерби со Атлетико Мадрид што ќе се одигра претстојниот викенд.
Францускиот стратег во тимот ги врати капитенот Серхио Рамос, Кашемиро, Марселом, Кејлор Навас и Хамес Родригез, кои не беа во составот за претходниот меч од Примера против Алавес, кој „кралевите“ го добија со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА