Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека ќе смета на Герет Бејл за почетокот на сезоната во Ла Лига. Иако претходно велеше дека ќе биде најдобро за сите Велшанецот да си замине, сега во пресрет на новата сезона, а кога се соочи со повредата на Еден Азар, Зидан вели дека Бејл е биде во конкуренција за настап како и сите други играчи од тимот.
Покрај Азар, повредени се и Марко Асенсио и Ферланд Менди па затоа во конкуренција за почетокот на сезоната ќе биде дури и Хамес Рдригез кој би го имал првиот натпревар за Реал Мадрид по две години во Баерн Минхен каде што беше на позајмица. За него Зидан вели дека е во одлична форма.
Реал Мадрид сезоната ја почнува утре со натпревар против Селта во гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА