Зинедин Зидан не го криеше воодушевувањето од потегот на Кристијано Роналдо во финишот од дуелот со Алавес, кога по досудениот пенал Португалецот имаше шанса за хет-трик, но сепак му го препушти ударот од белата точка на Карим Бензема, кој се мачи со реализација на своите шанси во текот на целата сезона.
„Презадоволен сум од гестот на Кристијано и односот кон Карим. Кој вели дека Роналдо не е тимски играч, ова е само уште еден доказ за спротивното. Тој е наш лидер, но се грижи за колективот. Мило ми е што и Бензема постигна гол, го заслужи тоа бидејќи одигра одличен натпревар“ – изјави Зидан.
Реал Мадрид со вчерашната победа има 51 бод и се зацврсти на третото место на табелата, но „кралевите“ се уште заостануваат огромни 14 бода зад лидерот Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА