Реал Мадрид ја победи Селта со 2: 0, а Зинедин Зидан се увери дека тандемот Марко Асенсио и Лукас Васкез е најдобар заедно со Карим Бензема. Тие си помагаа едни на други за шанси и голови, и покажаа дека заслужуваат да бидат стартери пред Еден Азар и Винисиус Јуниор.
Сепак, бидејќи Асенсио експлодираше на последните три натпревари на левото крило, Азар се чини дека сега ќе биде оставен на клупата. Белгиецот се опорави од својата трета повреда оваа сезона, доби шанса во последните 15 минути, но не покажа ништо посебно, па Зидан.
„Со Азар потребно е да се има многу, многу трпеливост, да се оди чекор по чекор, полека“, рече Зидан.
Азар пристигна за 120 милиони евра од Челси, но досега пропушти дури 48 натпревари поради повреди, а откако дојде во Реал, одигра само 30% од неговиот потенцијал кој го покажуваше во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

