Зидан ’мерка’ засилување од Неапол

Еден Азар пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, исто како и Лука Јовиќ и Милитао, па останува тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, да го дооформи составот за новата сезона и со нови имиња во средниот ред. Се најавува доаѓањето на Кристијан Ериксен од Тотенхем, но францускиот стратег посакува уште еден фудбалер кој го носи дресот на Наполи. Тоа е Фабијан Руиз, шпанскиот интернационалец кој е на печалба во Серија А.

Зидан е подготвен за Руиз да плати 60 милиони евра, а тоа е двојно повеќе од сумата која Наполи ја даде пред една сезона да да го ангажира играчот за врска од Бетис. Сепак, Аурелио де Лаурентис и Карло Анчелоти не сакаат да се откажат од услугите на 23-годишниот шпански фудбалер кој имаше одлична сезона на Сан Паоло“.

Се вчитува...