Реал Мадрид забележа нова значајна победа со која ја одржува удобната предност во однос на ривалите, а Зинедин Зидан не криеше дека е најзадоволен поради фантастичниот камбек на Герет Бејл. Велшкиот ас се врати по повеќемесечна пауза, и тоа триесетина дена порано од првичните прогнози, и веднаш се запиша меѓу стрелците, постигнувајќи го вториот гол во победата од 2-0 над Еспањол.
„Пресреќен сум за Бејл, тоа е најдобар начин еден играч да се врати по долга пауза – со постигнат гол. Тој напорно работеше и инсистираше да игра на овој натпревар. Сите знаеме дека Герет е специјален фудбалер, денеска уште еднаш го потврди тоа“ – истакна Зидан.
Самиот Бејл е свесен дека ќе треба да мине уште кратко време за да влезе во топ-форма.
„Три месеци напорно работев и го очекував овој ден кога ќе се вратам на теренот. Секако дека сум пресреќен, ова ќе ми ја крене самодовербата, но свесен сум дека треба да минат уште неколку седмици за да влезам во формата во која се наоѓав пред повредата“ – изјави Герет Бејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА