Зинедин Зидан со право е лут на своите фудбалери, кои тргнаа во офанзива по израмнувачкиот погодок на вечерашното „Ел Класико“. Ремито од 2-2 ќе им одговараше на „кралевите“ во трката за титулата, но шпанскиот гигант тргна по победа, за што беше казнет во судиското продолжение преку Лео Меси.
„Направивме успех, со играч помалку израмнивме на 2-2, но тогаш требаше да бидеме помудри. Можеби играчите помислија дека можат да постигнат и трет гол, тргнаа без глава и видовте што се случи. Ќе треба да ја проследиме средбата уште еднаш за да анализираме подетално, но во секој случај тоа нема да промени ништо, мораме што поскоро да се фокусираме на следниот натпревар. Меси ја направи разликата, но не беше само до него, на моменти воопшто не го контролиравме темпото, а воедно и не ги искористивме шансите што ни се укажаа за да го закопаме противникот“ – изјави Зидан.
Реал Мадрид во следното коло веќе в среда му гостува на тимот на Ла Коруња, меч за кој Зидан нема да може да смета на суспендираниот Рамос, како и на Герет Бејл кој на вечерашното дерби ја обнови повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА