Зидан му даде слободен викенд на Рамос

Реал Мадрид го очекува пеколен распоред во април, па токму затоа Зинедин Зидан веднаш ќе почне со ротации во тимот. Прв заслужен одмор доби Серхио Рамос, кој денеска воопшто не тренираше со „кралевите“ и утре нема да настапи на натпреварот на домашен терен против Алавес.

Информациите од Мадрид говорат дека Рамос не е повреден, но добива одмор откако одигра две средби за Шпанија во изминатите седум дена. Целта е јасна, одличниот дефанзивец да биде подготвен за предизвиците во следните триесетина дена во кои Реал покрај четвртфиналните пресметки од ЛШ против Баерн го очекуваат и клучните мечеви во Примера против Атлетико Мадрид и против Барселона.

Се вчитува...