Зидан најави камбек: Доста беше одмор, сакам да му се вратам на фудбалот

Зинедин Зидан е подготвен да му се врати на фудбалот откако повеќе од година и половина беше надвор од овој спорт, по повлекувањето од кормилото на Реал Мадрид во 2021 година.

Легендарниот Французин беше поврзуван со бројни клубови, одбивајќи ги сите понуди за да го наследи Дидие Дешамп на клупата на француската репрезентација. Откако по СП 2022 стана јасно дека тоа нема да се случи по новиот договор што го потпиша Дешамп, Зидан е подготвен за камбек во клупскиот фудбал.

„Доста беше одмор, сакам да му се вратам ан фудбалот. Барам нов предизвик, нов проект, сакам да работам и да тренирам. Денеска имам време за многу работи, се надевам дека наскоро ќе имам ангажман и тоа ќе се промени“, изјави Зидан.

Трофејниот стратег беше поврзуван со поранешниот клуб Јувентус, но во моментов легендарниот Зизу е најблиску до клупата на ПСЖ, клуб што и летово имаше понуда до него што беше одбиена.

Се вчитува...