Зидан: Најдобрата вест за Реал е дека сезоната заврши

Реал Мадрид со пораз (0-2) од Бетис ја заокружи сезоната во која остана без ниту еден трофеј, а на кормилото се свртеа тројца тренери. Зидан замина по освоената титула во ЛШ, а по Лопетеги и Солари, клубот повторно го врати Зинедин Зидан на клупата. Тој треба да го реновира составот за следната сезона и повторно да изгради победнички состав.

„Најдобрата вест за нас е дека сезоната тукушто заврши. Фудбалерите тешко наоѓаа мотиви да играат затоа што од моето враќање едноставно немавме шанса да се бориме за ниту еден трофеј. Секако, не смееме да заборавиме дека ниту еден меч во дресот на Реал Мадрид не смее да се одигра на ваков начин. Ќе мора да пронајдеме начин да играме многу, многу подобро следната сезона. Нема оправдание за еден ваков пораз“, изјави Зинедин Зидан по поразот од Бетис на „Сантијаго Бернабеу“.

Французинот не го уфрли воопшто во игра Герет Бејл кој остана на клупата, а се најавува негово заминување од клубот.

Се вчитува...