Зидан не го интересира Реал Мадрид, има други финансиски приоритети

По отказот на Чаби Алонсо од Реал Мадрид повторно се јавија гласини за враќање на Зинедин Зидан во главниот град на Шпанија.

Сепак легендарниот Французин нема намера да прифати нов повик од „кралскиот“ клуб и сконцентриран е на финансиските вложување во последниот период, пренесуваат француските медиуми.

Зидан неодамна вложи пет милиони евра во спортски комплекс за падел и фудбал во Тулуж во Франција. Станува збор за четвртиот објект од неговиот бренд „З5“ кој ќе содржи 13 терени за падел, два терени за мал фудбал и зона за рекреација која ќе го носи името „Франција 98“.

Се вчитува...