Реал Мадрид му гостува на Реал Сосиедад на „Аноета“ во претпоследното коло од Ла Лига, а тренерот Зинедин Зидан повторно го изостави од тимот велшкиот интернационалец Герет Бејл. Истото го стори и во минатото коло против Вилјареал, а претходно да префрли топката кон новинарите, да го прашаат Велшанецот дали има доволно мотиви за да го носи дресот на „кралскиот клуб“.
Ова е уште една јасна порака за големата ѕвезда дека Зинедин Зидан нема да смета на него следната сезона и дека најдобро решение за него ќе биде да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок. Бејл преку својот агент порача дека се чувствува добро во Мадрид заедно со своето семејство и сака да го одработи договорот со Реал до крај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА