Зинедин Зидан донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера, а тоа ќе биде репрезентацијата на Франција! Според последните информации, Зизу не е преморен од турбулентната сезона со Реал и ќе чека колку што е потребно за да го замени моменталниот тренер на Франција, Дидие Дешамп.
Зидан не брза, тој е подготвен, доколку е потребно, да го замени Дешан веднаш по завршувањето на Европското првенство, но има шанси да чека тоа да се случи и по Светското првенство во Катар, односно во јануари 2023 година. Дешамп има договор до СП 2022 година, па само некои катастрофални резултати на Европското првенство може да ја принудат федерацијата да го отпушти по претстојниот европски шампионат.
Дешамп ги предводеше Французите до финалето на ЕП 2016, во кое Португалија славеше, а потоа го освои Мундијалот во 2018 година во Русија.
Зидан дефинитивно ќе го добие најдобриот тим на светот на послужавник. На хартија, Французите имаат две подеднакво добри екипи кои можат да се натпреваруваат одделно на големи натпреварувања и нема сомнеж дека ќе бидат главни фаворити и на Евро 2020 и на Светското првенство во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА