Зидан не му се лути на Бејл што си играше голф додека Реал губеше од Тотенхем

Зинедин Зидан се надева дека Герет Бејл ги завршил обврските околу тренинзите, а играњето гол го смета за приватна работа во која не навлегува. Ова е првичната реакција на тренерот на Реалм Мадрид на прашањњта за став откако се појави фотографија на која Бејл игра голф, а шпанскиот медиум „El Confindencial“ тврди дека е направена за време на пријателскиот натпревар кој Реал Мадрид го загуби од Тотенхем.

„Ќе видиме што се случило кога ќе се вратиме. Не можам никому да забранам да прави нешто во приватно време. Мислам дека ги завршил тренинзите“ – рече Зидан.

Објаснувањето за отсуството на Бејл од тимот на Реал Мадрид за турнирот во Германија беше дека не е во доволно добра форма и дури имал и повреда. Судбината на Велшанецот во Реал и натаму е многу неизвесна.

Се вчитува...