Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека тактичките промени му наштетиле на неговиот тим на натпреварот против Реал Сосиедад. Дуелот во Мадрид синоќа заврши без победник 1-1. На полувреме, Зидан ја смени формацијата. Сепак, тоа не даде големи резултати. „Кралскиот клуб“ прими гол во 55.минута, па потоа францускиот стручњак направи три замени во 61.минута.
Реал Мадрид има голем број на повредени играчи, но со овој проблем со соочуват и други европски гиганти. Сепак, Зидан призна дека промените во тактиката се можеби и главната причина за „бледите“ игри на „кралевите“.
„Не бев задоволен, затоа направив измени. После тоа, се вративме во формацијата 4-3-3. Но, ако инсистирате, тогаш ќе кажам дека таквите промени се виновни за лошата игра. Нешто мораше да се смени, бидејќи по еден час тимот беше малку уморен. Се обидовме да го смениме ритамот, динамиката“, рече Зидан.
Следниот натпревар Реал го игра со градскиот ривал Атлетико, кој е лидер на табелата.
„Ние мора да останеме смирени и трпеливи. Треба да се одмориме. Овој резултат не менува ништо пред дербито. Очекувам одличен натпревар против Атлетико“, додаде Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

