Европскиот првак Реал Мадрид вечерва го одржа официјалниот тренинг на „Алијанц арена“ во пресрет на утрешниот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Тренерот Зинедин Зидан е убеден дека неговиот тим ќе одговори на предизвикот и нема да се исплаши од атмосферата во Минхен.
„Нема да ги покакаме панталоните во Минхен. Подготвени сме да одиграме добар натпревар. Ова е полуфинале во Лигата на шампионите, и во ДНК на фудбалерите на Реал Мадрид е да победуваат на вакви мечеви. Психолошки и физички сме максимално подготвени за предизвикот. Баерн Минхен е квалитетен ривал, Јуп Хејнкес ги смени оние работи кои не беа добри, но исто така ги подобри елементите во кои овој тим беше одличен. Сега се екстра тим, иако не се совршени, исто како и ние. Фудбалот е секогаш непредвидлив и приказните се испишуваат само на теренот“, изјави Зинедин Зидан во пресрет на утрешната пресметка со Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА