Зидан нема да ја преземе Саудиска Арабија, познато името на наследникот на Манчини

Искусниот стратег Ерве Ренар е во преговори со Саудиската фудбалска федерација за повторно да стане селектор на националниот тим по истекот на договорот на Роберто Манчини.

Саудиската федерација, откако во четвртокот беше објавено меѓусебен договор за заминување на италијанскиот стратег Манчини, прецизираше дека името на неговиот наследник ќе биде објавено „во наредните денови“, „откако сите процедури ќе бидат завршени“.

Ерве Ренар, кој беше селектор на Саудиска Арабија од 2019 до 2023 година, до преземањето на чело на француската женска репрезентација, е во преговори со саудиската федерација.

Претходно француските медиуми го споменуваа Зинедин Зидан како можен наследник, но извори блиски до францускиот фудбалер и тренер велат дека Зидан засега нема намера да се врати во светот на фудбалот.

Се вчитува...