Герет Бејл цело лето се наоѓаше на излезна врата од Реал Мадрид, но велшкиот ас остана на „Сантијаго Бернабеу“, па дури беше и стартер на денешниот дуел со Селта. Тренерот Зинедин Зидан го игнорираше овој фудбалер во поголемиот дел од подготовките и инсистираше на негова продажба, но по денешниот меч во Виго францускиот стручњак обелодени дека го променил својот став за Бејл.
„Задоволен сум од она што го прикажа. Бејл останува во Реал Мадрид, нема дилеми. Тој и Винисиус беа добри во нападот, а завршија одлична работа и во фазата на одбрана. Повредата на Азар влијаеше да мораме да ја смениме формацијата, но сите добро ја завршија работата. Задоволен сум бидејќи почнавме со сигурна победа на гостински терен“ – изјави Зидан.
Реал Мадрид во следното коло на домашен терен ќе го пречека тимот на Валјадолид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА