„Зидан одбиваше понуди и чекаше да ја води Франција“

Зинедин Зидан очекувал после Мундијалот во Катар да стане селектор на Франција. Ова го потврди неговиот долгогодишен соиграч од националниот тим и пријател Роберт Пирес. Очекувањата беа дека кога ќе му заврши договорот на Дешамп, тој нема да биде продолжен.

Франција стигна до финалето, кое го загуби на пенали, а потоа стигна и продолжувањето на соработката. Поради амбициите да ја презеде репрезентацијата, Зидан одбил неколку понуди.

„Зидан го сакаше националниот тим. Сега треба да избере нешто друго, но знаеме дека нема многу клубови кои би можеле да си го дозволат“, рече Пирес.

Се вчитува...